|

МВР потврди: Во 9 скопски училишта во тек се антитерористички проверки

МВР потврди сека и денеска преку електронска пошта во неколку училишта во Скопје имало дојава за бомба.

-Денеска (27.10.2022) во СВР Скопје околу 14 часот е пријавено дека на меил адреси на девет училишта во Скопје е упатена закана за поставена бомба. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата. Во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот, се вели во соопштението на МВР.

Слични Објави