|

Повторно дојава за бомба во неколку скопски училишта, се евакуираат учениците

Повторно мајлови со заканувачки содржини за поставени бомби стасаа и денес до неколку средни училиша во Скопје. За сега се евакуираат учениците кои се втора смена во гимназијата Јосип Броз Тито и неколку други средни училишта. Полицијата е на терен и за кратко се најавени официјални информации. Според првичните информации, најверојатно се работи за за гимназиите „Раде Јовчевски Корчагин”, „Орце Николов”, „Никола Карев”, „Јосип Броз Тито” и АСУЦ „Боро Петрушевски”.

Вчера пријави за поставени бомби стасаа во осум средни училишта, а по проверките на Единицата за антитероризам се покажа дека се работи за лажно пријавени експлозивни направи. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски утрово реше дека МВР има трага од каде е испратен вчерашниот заканувачки мејл. Денешните мејлов се испратени од друга мејл адреса.

Лажни пријави за бомби во текот на месеците април, мај и јуни годинава за бомби во средни училишта беа регистрирани во Црна Гора, Србија и Хрватска и Босна и Херцеговина.

Слични Објави