МВР ЗА ОРОТО ВО ЧАИР: ДОКОЛКУ СЕ УТВРДИ ПРЕКРШОК ЌЕ БИДЕ ПОДНЕСЕНА ПРИЈАВА
Откако вчера на социјалните мрежи се споделуваше видео, на кое се гледа како за време на полициски час, жители на скопски Чаир играат оро, од МВР за „Фокус“ велат дека се преземаат мерки за сите што не ги почитуваат одлуките на Владата.
„Министерството за внатрешни работи презема мерки за санкционирање на сите лица кои не ги почитуваат одлуките на Владата. До овој момент за конкретниот настан нема пристигнато пријава. Доколку од страна на Секторот за внатрешни работи се утврди дека во конкретната снимка има елементи за прекршување на законот, кон конкретните лица ќе биде поднесена соодветна кривична пријава“, велат од МВР.

