Конкурсите во здравство се вакви како во Тетово со години наназад, во сите болници, клиники, во цела држава.
Се работи за негативна селекција, не за дискриминација на национална основа.
Дискреционо право има комисија, џабе конкурирате, се додека не се смени законот, секое конкурирање само дава легитимитет на конкурсите.
Тие во комисија само спроведуваат налог, по список.
Не ги измисли овие финти Филипче, Тодоров си ги стави во закон, а галамиме зошто уште не ги смени и се практикуваат, напиша на својот профил гинекологот Ненад Лазаров, од Асоцијацијата на млади лекари и специјализанти.