| |

Н. Милев: Човек, борец и водач-тоа беше Борис Дрангов

“Човек, борец и водач – тоа беше Борис Дрангов. Како што вели нашиот народ, тој беше човек со ѕвезда. И затоа ги привлече сите чисти души. Него и децата го разбираа”.

„Учењето на Дрангов остави особено силен белег во Скопје, каде за време на војната беше отворено специјално училиште за обука на резервни офицери. Во градот каде што неговата детска душа ги осознала првите пориви на идеализмот (Дрангов е роден во Скопје на 3 март , 1872), веднаш стана жив извор на ентузијазам и идеализам.

„Кога ќе дознаете дека сте пострашни од смртта и дека нема ништо страшно во самата смрт, ќе знаете колку е жален нашиот непријател. и колку е слатко да се умре за Бугарија“, им велел на неговите ученици Дрангов.

Овие редови посветени на полковник Дрангов се напишани од бугарскиот историчар, публицист, дипломат и револуционер Никола Милев од Мокрени, костурско. Објавени се на 28 мај 1927 г. во весникот „Македония“ со наслов „Ето човек“, по повод 10-тата годишнина од херојската смрт на полковник Борис Дрангов и две години по убиството на авторот.

Никола Милев (1881-1925) е еден од основачите на Македонскиот научен институт. Бил близок соработник на Тодор Александров. Автор е на „Мемоарот за положбата на бугарското малцинство во грчка и српска Македонија“. Бил против потпишувањето на Мајскиот манифест, бидејќи според него, тоа би значело влегување на комунистички елементи во македонското движење. Убиен е од анархистот Милан Манолев, по одлука на ВМРО-Обединета, НКВД и Бугарската комунистичка партија.



Слични Објави