На бугарските воени гробишта во Цапари ќе се одржи комеморација по повод Архангелова Задушница
На 6 ноември (сабота) по повод Архангелова (Војничка) Задушница на воените гробишта во битолското село Цапари ќе се одржи комеморација во организација на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје и Генералното конзулство на Република Бугарија во Битола.
Меѓу поканетите на комеморацијата се официјални претставници од Бугарија, здруженија на граѓани на РС Македонија со бугарска етничка припадност, претставници на воено-дипломатскиот кор во Скопје и медиуми.
