| |

На Денот на етничките малцинства, што се одржа во Темишвар, Романија имаше и бугарско учество

На Денот на етничките малцинства, што се одржа во Темишвар, Романија имаше и бугарско учество. Настанот се одржа на 16 септември во романскиот град, кој годинава е европска престолнина на културата, а започна со дефиле на национални носии: бугарски, романски, српски, германски, унгарски, украински, ерменски. Поворката помина од плоштадот „Унири“ до Паркот на розите, јавува БТА.

Таму, пред бината се одигра оро на пријателството, по што започна вистинската фолклорна програма. Бугарското малцинство го претставуваше ансамблот „Славјак“ од Темишвар. Младите момци и девојки беа облечени во шопски носии и изведоа две бугарски народни ора.

„Сите малцинства имаа штандови. На штандот на Сојузот на банатските Бугари имаше книги издадени од самото друштво и напишани на наш дијалект. Се претсавивме со наши традиционални колачи: со афион, со сирење и со ореви. Од нив проба и градоначалникот на Темишвар – Доминик Фриц, кој го отвори настанот“, изјави за БТА Петронела Шехаби од весникот на бугарското малцинство во Романија – „Наша глас“.

Николае Миркович донел неколку стари бугарски народни носии, а и самиот тој бил облечен во стара банатска бугарска носија.

Слични Објави