НА „МАКСИМ ГОРКИ“ ЗАСАДЕНИ 18 ЈАПОНСКИ ЦРЕШИ
На улицата ,,Максим Горки” денеска беше засаден дрворед од 18 висококвалитетни повеќегодишни садници од видот јапонски цреши, како донација од вработените во локалната канцеларија на Европската банка за обнова и развој во Република Северна Македонија.
„Благодарност до вработените во локалната канцеларија на ЕБОР за овој хуман гест кој значи многу за Град Скопје. Интензивно работиме на зголемувањето на зелените површини во Скопје, а оваа есен посебно внимание посветивме на обновување на постојните и формирање на нови дрвореди кои му се потребни на нашиот град“ истакна во своето обраќање градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.
„Ме радува фактот што дополнително многу општествено одговорни компании покажаа интерес за донации во делот на градското зеленило, што е само уште еден доказ дека сé повеќе се крева свеста за значењето на зелените површини за животната средина во градот“ нагласи Шилегов.
Извор: Макфакс