На овој ден во 1014 година починал цар Самуил
На овој ден во 1014 година починал цар Самуил, еден од владетелите во последниот период од постоењето на Првото Бугарско Царство. Според историските податоци, тој починал откако ги видел своите ослепени војници по битката кај селото Клуч, пишува Актуално.
Самуил е роден околу 950–960 година. Бил најмладиот син на комит Никола и Рипсимија. По смртта на своите браќа станал главен воен и политички водач, а во 997 година, по смртта на цар Роман, бил избран за бугарски цар.
За време на неговото владеење продолжиле долгогодишните војни со Византија. Во 986 година војската предводена од Самуил го поразила византискиот император Василиј II кај Трајанови Врати, а во почетокот на XI век византиските сили повторно освоиле делови од бугарските територии.
На 29 јули 1014 година византиската војска ги заобиколила бугарските позиции кај Клуч и ги нападнала од заднина. Околу 14.000 војници биле заробени и ослепени, глетката на ослепените војници била причина Самуил да доживее срцев удар.
