|

На полноќ завршува рокот за поднесување кандидатури за локалните избори

Вечерва на полноќ истекува рокот за поднесување кандидатури за градоначалници и советнички листи за претстојните локални избори.

За Град Скопје досега се пријавени осум кандидати – шестмина од политички партии и двајца независни. Во општина Чаир се очекува главната политичка пресметка меѓу Бујар Османи од ДУИ и Изет Меџити од Вреди.

Во Кочани во трката влегуваат и власта и опозицијата со свои кандидати, како и двајца независни кандидати.

До Државната изборна комисија пристигнаа и 69 независни кандидатури за градоначалници во 38 општини и во Град Скопје, како и 68 советнички листи во 33 општини и главниот град.



Слични Објави