На Скопскиот аеродром приведени две лица барани со потерници

/

На Граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“, денеска полициски службеници го лишиле од слобода М.Б.(36) од Скопје и Ѓ.Р.(37) од Скопје.

Како што информираа од МВР, М.Б. бил баран по централна потерница по наредба од Основен суд Скопје за издржување казна затвор од една година за сторено кривично дело по член 197 од Кривичниот законик. Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено – поправна установа за издржување на казната.



И Ѓ.Р.(37) од Скопје била барана по централна потерница по наредба од Основен суд Скопје за издржување казна затвор од една година за сторено кривично дело по член 197 од Кривичниот законик. Таа ќе биде спроведено во надлежната казнено – поправна установа за издржување на казната.

Претходна статија

Приватните превозници отфрлаат вклученост во наплата на билети, утре ќе протестираат пред ЈСП

Следна статија

„Срам за судството, срам за судијата“ – Таткото на една од жртвите: Случајот „Ласкарци“ се одолговлекува намерно

Најново од Вести