Националниот парк Рила слави 32 години од своето формирање
Со тематски активности, еколектории и отворени денови Националниот парк Рила ќе одбележи 32 години од формирањето и прогласувањето за најголемо заштитено подрачје во Бугарија, јавува БНР.
Во Регионалниот историски музеј во Благоевград, учениците и студентите ќе имаат можност да се сретнат и разговараат со експерти од дирекцијата на паркот и од Извршната агенција за животна средина.
За роденденот на националниот парк, а тоа е 24 февруари, посебна програма подготвија центрите за посетители во Паничиште и Самоков.
