НАД 15 ИЛЈАДИ ГРАЃАНИ ЈА СЛЕДАТ МИСАТА НА ПАПАТА НА ПЛОШТАДОТ „МАКЕДОНИЈА“
Поглаварот на Римокатоличката црква папата Франциск служи миса на плоштадот „Македонија“ во Скопје.
На мисата присуствуваат околу 15.000 граѓани од земјава, како и верници од странство.
Папата на плоштадот дојде со популарниот папамобил, каде што беше пречекан од голем број граѓани.
Поглаварот на Римокатоличката црква претходно имаше средби со државниот врв во „Вила Водно“, а потоа во Спомен куќата на Мајка Тереза се сретна и со лидерите на верските заедници и група граѓани од ранливите категории.
Извор: Макфакс

