Алијанса ги посакува министерските позиции МИОА, Здравство и Правда ?!

/

Алијанса за Албанците се поблиску до влез во владата, колачот се ситни, како ќе реагира Алтернатива?

Според информациите на 24инфо.мк, во Алијанса за Албанците и денеска е доста раздвижено, откако оваа партија започна процес кој на крајот треба да им обезбеди влез во владината коалиција.

Влезот на Алијанса ќе значи окрупнување на парламентарното мнозинство и ставање крај на приказните на Христијан Мицкоски за предвремени избори, но истовремено ќе донесе и нова распределба на функциите.

Различни медиуми објавуваат различни информации за тоа колку ќе „тежи“ делот на министерски и директорски места на Алијанса за Албанците, но она што е заедничко за сите нив е што Алијанса ги посакува министерските позиции во минитертвата за Информатичко општество, во Здравство и Правда, како и директорски позиции во ПИОМ, Железници и Пошта.

Како прв противник на овие лицитации се јави владниот партнер Алтернатива порачувајќи дека нема да го даде министерот за здравство Беким Сали, кој само пред нешто повеќе од една година беше заеднички кандидат на Алтернатива, Алијанса за Албанците и ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Чаир.

Дека Алтернатива не е спремна да отстапи од местата што сега ги има порача и Арбан Таравари, но не е исклучено и оваа партија да настапи со свои барања во замена за останување во коалиција.

Сепак, едно е сигурно, ако Алијанса за Албанците влезе во владината коалиција, тогаш секако ќе има реконструкција на Владата, прва откако неа ја предводи премиерот Димитар Ковачевски.

Во таков случај неизвесно ќе биде кој колкав дел од колачот ќе добие, особено по најавите дека тој ќе се ситни, затоа што согласно Планот за реорганизација на Министерството за економија, со што ќе се спојуваат неколку државни институции, што ќе значи и помалку директорски места за распределба.

„Согласно Планот, се предвидува спојување на Државниот пазарен инспекторат со Државниот инспекторат за техничка инспекција и формирање единствена институција од типот на инспекциски надзор, подредена на Министерството за економија – Државен пазарен и технички инспекторат. Според овој пример, предвидени се спојувања и на: Фондот за иновации и технолошки развој со Агенција за поддршка на претприемништвото на Република Северна Македонија; на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот со Дирекција за технолошко индустриски развојни зони и на Агенција за енергетика со Агенција за задолжителни нафтени резерви.“ објави денеска Владата.

Извор: Zoom. mk



Претходна статија

Ахмети оствари средба со британскиот амбасадор: Сојузот за Европа на прогресивните партии е иднината

Следна статија

Таравари: Ако добиеме гаранции за 80 гласа, може да почнеме преговори за влез во Владата

Најново од Вести