Над 23 илјади Бугари ја посетиле РС Македонија во јануари, повеќе од 55 илјади граѓани на РС Македонија ја посетиле Бугарија
Патувањата на бугарските граѓани во странство во јануари 2026 година изнесуваат 625,9 илјади, што е за 4,2% повеќе во однос на јануари 2025 година. Регистрирано е зголемување на патувањата според сите набљудувани цели, јавува бугарскиот Национален институт за статистика.
Најголем број патувања се реализирани кон Турција – 146,1 илјади, Грција – 140,9 илјади, Романија – 64,1 илјади, Србија – 51,0 илјади, Германија – 34,0 илјади, Австрија – 23,6 илјади, Република Северна Македонија – 23,1 илјади, Италија – 19,6 илјади, Обединетото Кралство – 18,2 илјади и Шпанија – 17,7 илјади.
Најголем релативен удел од вкупниот број патувања имаат оние со други цели – 46,8%, по што следуваат патувањата со цел одмор и екскурзија – 27,4%, како и службените патувања – 25,8%.
Во јануари 2026 година посетите на странски државјани во Бугарија достигнуваат 790,3 илјади, што претставува зголемување од 6,9% во споредба со истиот месец претходната година. И кај нив е регистрирано зголемување на патувањата според сите набљудувани цели.
Најмногу посети во Бугарија оствариле државјани на: Романија – 161,2 илјади, Турција – 145,1 илјади, Грција – 133,8 илјади, Република Северна Македонија – 55,5 илјади, Србија – 53,5 илјади, Германија – 28,8 илјади, Австрија – 22,4 илјади, Израел – 19,3 илјади, Обединетото Кралство – 17,3 илјади, Италија – 16,1 илјади.
Транзитните преминувања низ земјата изнесуваат 27,5% или 217,4 илјади од сите посети на странски државјани во Бугарија.

