Министерката за енергетика на РС Македониja Сања Божиновска сѐ уште е бугарски државјанин
Министерката за енергетика на РС Македониja Сања Божиновска сѐ уште е бугарски државјанин.
Според информации од извори на агенцијата БГНЕС во бугарското Министерство за правда, кои сакаа да останат анонимни, на Божиновска не и е издаден указ за ослободување од бугарско државјанство.
Самата Божиновска неколку пати изјави дека поднела барање за откажување од државјанство. Таа тврди дека до денес има само македонско и чешко државјанство и нема бугарски документи.
Експерти од Министерството за правда во Софија известија дека постапката за откажување од бугарско државјанство не завршува со поднесување барање за отпуст од државјанство. Оттаму потсетија дека добивањето бугарско државјанство се заснова на доставени документи за бугарско потекло и лична изјава за бугарска самосвест на кандидатот.
БГНЕС потсетува дека денеска Сања Божиновска рече дека „ќе се консултира со своите адвокати“ дали сè уште има бугарска самосвест. Бугарските адвокати потврдија дека во отсуство на указ за откажување од државјанство, Божиновска сепак може да ги обнови личната карта и бугарскиот пасош, а една од опциите е да аплицира во бугарската амбасада во Скопје.

