| |

Над 500 евра е просечниот износ на пензијата за стаж и возраст за месец јули во Бугарија

Просечната пензија во Бугарија во јули годинава помина 500 евра, ова го соопшти бугарскиот Национален фонд за осигурување, а пренесува БГНЕС.

Бројот на пензионерите во Бугарија во јули 2024 г. изнесува 2 045 966 луѓе, што е со 15 717 луѓе повеќе во споредба со истиот период минатата година.

Во структурата на општите расходи на фондот, најголемиот дел оди за пензии и изнесува 12 113,2 млн. лв, што е со 13,1 % повеќе во споредба со истиот период минатата година.



Слични Објави