Над 700 учесници од Бугарија и Северна Македонија станаа дел од фолклорниот фестивал „Шарена стомна“ во Добриниште
Над 700 учесници од различни делови на Бугарија и гости од Северна Македонија учествуваа на деветтото издание на фолклорниот фестивал „Шарена стомна“ во Добриниште, каде што бе претставена фолклорна програма со песни, танци и традиционални носии, јавува Пиринско.
Меѓу странските гости беше фолклорната група „Радовишанки 1“ од Радовиш, Северна Македонија. На фестивалот настапија и фолклорни клубови и состави од Благоевград, Гоце Делчев, Ќустендил, Софија, Пловдив, Стара Загора, Бургас, Враца и други места.
Во програмата настапи и народниот пејач Малин Домозетски, по чии изведби учесниците заиграа оро на градскиот плоштад. „Ми ја наполнивте душата!“, рече Домозетски.
Посебни награди добија четиригодишната Никол Кенова од Танцовиот клуб „Ратек“ од Ќустендил и 77-годишниот Петар Пампиров од клубот „Мила“ од Пловдив. Наградата на публиката ја доби танцовиот состав „Стојан Ботевлиски“ од Гара Елин Пелин.
Директорот на фестивалот Љубомир Марјански им се заблагодари на учесниците, нивните раководители и на публиката. На претставниците на составите им беа врачени дипломи и плакети за учество во деветтото издание на „Шарена стомна“.
