НАДАЛ МУ „ДИШЕ ВО ВРАТ“ НА ЃОКОВИЌ – РАЗЛИКАТА Е САМО 320 ПОЕНИ

На најновата АТП-листа, Новак Ѓоковиќ и понатаму е првопласиран, но по поразот во четвтфиналето на Шангај разликата меѓу него и Рафаел Надал е дополнително намалена.

Ѓоковиќ загуби во Шангај дури 820 поени, па сега има 9.545, додека Надал е втор со 9.225. трет е Роџер Федерер, кој во Шангај загуби 180 поени, па сега има 6.950.

Данил Медведев е чтврти со 5.920 поени, а петти е Доминик Тим со 5.085 поени, додека по нив следат Зверев, Циципас, Хачанов, Нишикори и Агут во топ-10.

Извор: Спорт1



Слични Објави