НАДЕЖИТЕ НА ЦАПАР ПАК РЕМИЗИРАА СО РОМАНИЈА, ПА ВТОРПАТ ПОБЕДИЈА НА – ПЕНАЛИ
Македонските таленти во селекцијата до 16 години и вторпат денеска ремизираа со врсниците во Романија, па на крај вторпат се покажаа како подобри пеналџии од ривалите и вторпат победија по рулетот од белата точка, овој пат со 7-6 откако во регуларниот дел мечот заврши 2-2.
Пред два дена во првата контролка на селекцијата до 16 години, избраниците на бившиот селектор на А-тимот Драги Канатларовски – Цапар одиграа без голови, па на пенали триумфираа со 5-4, но денеска во вториот тест тие одиграа далеку поинтересен и повозбудлив меч и на крај пак по исто сценарио се радуваа против Романците.
Макеоднија двапати водеше во регуларните 90 минути, прво со гол на Гуџуфи во 70-та, а потоа и во 79-та минута, но Романците успеваа да израмнат и да не загубат од нашите надежи во нормалниот тек од мечот.
Извор: Спорт1
