Професорката и доктор по правни науки, Мирјана Најчевска, во интервју за Независен, вели дека извршителството не смее да стане приватен бизнис, а според неа, незаконски е блокирање на сметките на граѓаните.
„Во целата оваа работа, посебна улога имаат банките. Според мене, крајно незаконски, неправно се врши блокирање на сметките на граѓаните. Дури и тогаш кога имаат средства на своите сметки, станува збор за многу мали суми, наместо согласно законот тие средства да бидат подигнати од одредена сметка, се врши блокирање на сметките и граѓаните се изложуваат на непотребни трошоци за нивно деблокирање, со што се богатат само банките и тоа крајно незаконски“, истакнува Најчевска.