НАЈДОБРАТА МАКЕДОНСКА СУДИЈКА ЌЕ ДЕЛИ ПРАВДА ВО КВАЛИФИКАЦИИ
Најдобрата македонска судијка Ивана Пројковска, која летово го судеше финалето во младинското ЕП во женска конкуренција ќе дели правда во сениорска конкуренција и тоа на квалификациски меч помеѓу Белгија и Литванија во рамките од новиот евроквалификациски циклус за пласман на Евро 2021.
Пројковска од летово е судија од А-категорија на УЕФА, па нашата најдобра судијка сега добива шанса да суди врвни мечеви, меѓу нив и квалификациски и само уште Александар Ставрев има ваква А-категорија на судија. Ставрев денеска ќе го суди мечот во Будимпешта во рамките од Лига Европа помеѓу Ференцварош и ЦСКА Москва, што е негов втор во групната фаза во оваа сезона.
На Пројковска ќе и помагаат Елена Соклевска, Вјолица Изери и Ирена Велевачковска. Мечот Белгија – Литванија е на програмата за пет дена на 12 ноември.
Извор: Спорт1

