Намалена видливост на неколку патни правци поради магла
Поради маглата на неколку патни правци низ државата е намалена видливоста.
Како што попладнево соопшти Јавното претпријатие „Македонија пат“ намалена видливост од 100 до 150 метри има на патните правци Битола – Прилеп, Неготино – Демир Капија – Удово, Скопје – Велес и Велес – Скопје, од 50 до 60 метри на патните правци Штип – Радовиш – Струмица, Охрид – Струга, Охрид – Ресен, Кочани – Виница и Велес – Штип и до 100метри на патниот правец Свети Николе – Куманово и на планинскиот превој Плетвар.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.

