НАМЕСТО ДА СИ ЈА ГЛЕДА РАБОТАТА ФИЛИПЧЕ И СОЛИ ПАМЕТ НА ЛЕКАРКАТА КОЈА ЗАМИНА ДА РАБОТИ ВО ХРВАТСКА
Министерот за здравство Венко Филипче наместо да ги решава огромниот број проблеми во македонското здравство си зеде за право да ја коментира одлуката на лекарката која замина да работи во Хрватска и да ја определи како погрешна. Филипче има многу работи за средување и не би требало да губи време за такви евтини изјави тип шпанска серија.
Потсетуваме дека во моментот се наоѓаме во виорот на скандал поврзан со вакцините со поминат рок, вчера пак од ГДУ објавија фотографии и видеа, преку кои сликовито може да се види колкава е трагедијата во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ и во македонското здравство како целина.
Мери Николова Буџаку преку facebook го праша министерот до каде е тендерот за лекови за ретки болести и додаде дека Филипче е на пат да се претвори во вториот министер Смрт по поранешниот министер за здравство Никола Тодоров. Инаку токму Филипче му беше советник на Никола Тодоров за време на неговото раководење со еден од најзапоставените сектори во македонската реалност.

