| |

НАНЧЕ: МОИТЕ ГЛАСАЧИ ВО ВТОРИОТ КРУГ НЕКА ГЛАСААТ СПОРЕД СВОИТЕ РАЗУМ, СОВЕСТ И СРЦЕ

Пред војска од испиени и истоштени уплашени, светнуваат 1700 кристално чисти охридски бисери, гласови богатство, бисери кои ми даваат за право да мислам дека во Охрид конечно се раѓа нешто ново, дека изгрева зората на слободата, рече на денешната прес конференција кандидатот за градоначалник на Охрид од партијата ГДУ, Михаил Трендафилов Нанче.

Првиот круг на локалните избори заврши, на запад ништо ново, се` е веќе видено.

– Вистината сите ја сакаат но повеќе и веруваат на лагата, сметам дека со тоа се е кажано. Се чувствувам како морален победник, наспроти тендерските богаташи. Друга приказна е што денес моралот се доживува како маана. Горд сум што во оваа трка влегов со ГДУ, партија авангарда од млади луѓе полни со љубов, вистина, ентузијазам без никакви хипотеки, апртија која ја следи идеологијата на ЦДУ на Ангела Меркел, партија со претседател од модерен, европски ков. Семето е посеано, порача Трендафилов Нанче.

Тој ги повика граѓаните кои во првиот круг му ја дадоа поддршката, достоинствени и горди какви што се, да гласаат онака како што им налага нивната душа, срце и разум.

Извор: Ohridpress.com.mk



Слични Објави