Напад во училиште во Скопје: 15-годишник со остар предмет повредил ученик
Петнаесетгодишен малолетник нападнал ученик со остар предмет во основно училиште на подрачјето на Гази Баба.
Според информациите на МВР, вчера, полициски службеници од СВР Скопје уапсија 15-годишник од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од општинско основно училиште на подрачјето на Гази Баба, дека пријавениот влегол во училиштето и со остар предмет му нанел тешки телесни повреди на 15-годишен ученик во училиштето.
Предметот е одземен и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
