НАПАДОТ СО НОЖ ВО РЕДИНГ ВО КОЈШТО ЗАГИНАА 3 ЛИЦА ВЕЌЕ СЕ ВОДИ КАКО ТЕРОРИСТИЧКИ ЧИН

Британската полиција соопшти дека нападот со нож во јужниот англиски град Ридинг веќе е класифициран како терористички чин, јавуваат светските агенции. Истрагата ја презема националната единица за борба против тероризмот.
Три лица загинаа, а тројца беа сериозно повредени во паркот „Форбри гарденс“ во Ридинг синоќа по напад со нож. Полицијата привела 25-годишен локален жител на местото на злосторството и соопшти дека нема да бара други осомничени за нападот.