НАПОЛИТАНЦИТЕ ИМААТ ГОЛЕМИ ОЧЕКУВАЊА ОД ЕЛМАС: ПРЕКРАСНИОТ ДИЈАМАНТ ЌЕ ПОЧНЕ ДА – БЛЕСКА!

/

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас минатото лето за рекорден трансфер дојде од Фенербахче, како бисер кој треба да биде иднина на италијанскиот калчолигаш, а после неколкуте добри настапи, па улогата „резерва“ во новата 2020 година конечно заблеска, но пандемијата со коронавирус го прекина првенството.

Под Везув сега очекуваат дека дијамантот допрва ќе блесне и ќе го видат сиот раскош на младиот македонски фудбалер, кој до прекинот и тоа како се наметна кај новиот тренер Џенаро Гатузо, па нема воопшто да биде изненадување ако и по рестартот на сезоната се најде во првите 11-мина.

„Во проблематичната сезона во која имаше многу проблеми, една од најсреќните ноти во последниот период беше Елиф Елмас, младиот фудбалер за врска од генерацијата 1999, кој посебно под палката на Џенаро Гатузо покажа многу важни квалитети во една сериозно голема конкуренција со одлична техника и како пример за ‘отровот’ за противниците што го бара тренерот. Откако беше виновник за победата кај Сасуоло, против Сампдорија даде гол и доминираше на теренот, водејќи го средниот ред како да е ветеран. Ова треба да е само најава дека прекрасниот дијамант ќе засјае. Играч кој во иднина ќе ги натера навивачите да веруваат многу повеќе“, пишува еден од порталите на неаполскиот калчолигаш.

Извор: Спорт1





Претходна статија

ССМ БАРА ЗАБОЛЕНИТЕ ОД КОВИД-19 И РАБОТНИЦИТЕ ВО ИЗОЛАЦИЈА ДА ДОБИЈАТ ЦЕЛА ПЛАТА

Следна статија

НЕКОЛКУ ЕДНОСТАВНИ ТЕХНИКИ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ВАШИОТ СОН

Најново од Истакнато

Невладини организации на македонски Бугари од РС Македонија со осуда за срамниот говор на омраза кон Бугарите и Бугарија на фудбалскиот натпревар меѓу РС Македонија и Бугарија во Скопје

Претставници на 10 граѓански здруженија на граѓани на РС Македонија, со бугарска национална самосвест, испратија писмо