НАРУХИТО ПРОГЛАСЕН ЗА ЈАПОНСКИ ЦАР, ПОМИЛУВАНИ ПОЛОВИНА МИЛИОН ОСУДЕНИЦИ

//

Јапонската влада помилува околу 550.000 осуденици за помали кривични дела по повод востоличувањето на императорот Нарухито.

Одлуката, одобрена од владата минатата недела, беше објавена денес во посебен број на службениот весник.

Помилувањата се однесуваат на поситни кривични дела, како што се сообраќајни прекршоци или изборни измами, пренесува агенцијата АП.

АП забележува дека овој обичај на царско помилување, кој датира од периодот пред Втората светска војна, е критикуван како недемократски и политички мотивиран.

Во времето на назначувањето на поранешниот император Акихито биле помилувани 2,5 милиони луѓе.

Јапонскиот император Нарухито официјално го презеде престолот на церемонијата што се одржа денеска во Империјалната палата во Токио.



Престолот, наречен „Такамикура“, е висок 6,5 метри и беше транспортиран од палатата во античката престолнина Кјото, каде што живееле императорите пред 150 години.

Царот Нарухито официjално седна на престолот Хризантема како 126. јапонски император, со извици „банзаи“ со кои присутната публика му посака долго и просперитетно владеење.

И покрај времето, напорот и трошоците посветени на подготовките, самата церемонија траеше само околу 30 минути.

Церемонијата за востоличување на Нарухито во најстарата наследна монархија во светот е кулминација на ритуалот за предавање на престолот, откако неговиот татко Акихито абдицираше во мај.

Извор: Макфакс



Претходна статија

П. КОЛЕВ: ЗЛОТО ВО МАКЕДОНИЈА СИ ИМА ИМЕ

Следна статија

ЗАЕВ: МИЦКОСКИ МОЖЕ ДА СЕ ПРЕГРНУВА САМО СО НЕГОВИ СОРАБОТНИЦИ, ЗАТОА РЕКОВ ДЕКА НАЈВЕРОЈАТНО БИЛ ТАРАВАРИ

Најново од Вести