| |

ЗАЕВ: МИЦКОСКИ МОЖЕ ДА СЕ ПРЕГРНУВА САМО СО НЕГОВИ СОРАБОТНИЦИ, ЗАТОА РЕКОВ ДЕКА НАЈВЕРОЈАТНО БИЛ ТАРАВАРИ

Премиерот, Зоран Заев, го појасни денеска неговиот коментар даден во интервју за емисијата „360 степени“ кога ја коментираше изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој рече дека при посетата во Гостивар се прегрнувал со граѓаните за да докаже дека Албанците би гласале за него на избори. Заев вели дека со коментарот дека човекот со кој се прегрнувал Мицкоски морало да биде градоначалникот, Арбен Таравари, или некој од неговиот кабинет, всушност сакал да каже дека ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса за Албанците имаат многу добар соработка во овој град, јавува Фокус.

-Мојот коментар беше за непроменливиот став на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски во врска со нашето мултиетничко општество. Тој може да се прегрнува само со некој со кој директно соработува- изјави Заев утринава.  

Целиот напис прочитајте го овде.

Слични Објави