ВО 24 ГРЧКИ ГРАДОВИ ЌЕ СЕ ПРОТЕСТИРА ЗА „ГРЧКИОТ КАРАКТЕР НА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА“
Во 24 градови низ цела Грција, за денеска се најавени протести за одбрана на грчкиот карактер на името Македонија. Организаторите ги повикуваат граѓаните масовно да учествуваат со грчки, а не со партиски знамиња, а како централен собир ќе се смета протестот што ќе се одржи во градот Пела, родниот град на Александар Велики. Според последните информации протестите се поддржани од локалните власти, а ќе има и организиран превоз со автобуси од селата и градовите каде што нема да има протести. Протести ќе почнат во 19.30 часот по локално време.