Одбележуваме 93 години од смртта на американскиот новинар и заштитник на револуционерната борба на Бугарите од Македонија и Одринско Алберт Сониксен
На 16-ти август 1931 г. во сојузната джава Конектикат умира АЛБЕРТ СОНИКСЕН, американски новинар, заштитник на револуционерната борба во Македонија и Одринско. Роден е 1878 г. во Сан Франциско. Од февруари до ноември 1906 г. ја обиколува Македонија со четите на ВМОРО како кореспондент на англиски и американски весници. Се сретнал со војводите Лука Иванов од Панаѓуриште, Апостол Петков Терзиев, Сава Михајлов, Георги Сугарев и Даме Груев. Станува сведок на жестокостите извршени од грчките андартски чети во времето на грчката вооружена пропаганда во Македонија. Во 1909 г. ги публикува спомените од престојот во Ениџевардарското езеро и Битола во книгата ИСПОВЕД НА ЕДЕН МАКЕДОНСКИ ЧЕТНИК:
“Од железничката станица до Воден има околу еден и пол километар. – Ќе ве одведам во грчкиот хотел – ми рече момчето на Бугарски. – Така ми порачаа да ви кажам. Попладнето најпрвин кај кајмакамот, после во грчкото училиште, а ако остане време и кај грчкиот владика.
Сопственикот на хотелот божем беше Грк, а им зборуваше на своите слуги Бугарски; подоцна разбрав дека тој зборувал Грчки колку и јас.
Воден е официјално грчки град, но разговорите, што ги слушав околу себе, беа само на Бугарски или Турски. Требаше да прашам за патот и не знаев што да правам. Турски не можев да зборувам, а за Бугарски беше договорено да се преправам дека не го владеам. Во мислите го проколнував месниот комитет, што не ми определи преведувач. Ми идеше да проговорам со умисла на расипан Бугарски јазик, за да помине како Руски, но слушнав како се наговоруваат: Ајде да го одведеме кај доктор Филчев – потфрли некој, – тој зборува Германски. – Кој ви рече дека знам Германски, – праша докторот реско на Бугарски. – Немам време. Водете го кај началникот на железничката станица, тој е Австриец, предложи еден турски подофицер на расипан Бугарски јазик.
– Ако Бугарите си стоеа мирни, – забележа Австриецот, – сe’ ќе си беше по својот ред.
– Значи, Бугарите прават бркотија! Но не е опасно; тие се малцинство, што не можат да направат ништо.
– Ех – призна тој, – денес не се разбира кој е Грк, а кој е Бугарин.
– Па според јазикот?
– Тешко, зашто многу Грци говорат Бугарски. Некои пак се тајни Бугари и ги поддржуваат разбојниците по планините.
Директорот на училиштето, кој беше вистински Грк ме предупреди:
– Пазете се од Бугарите – беа последните зборови на директорот при нашата разделба, – тие се предавнички народ. Тие се еретици. Кога излеговме од училиштето, мојот водач ми рече:
– Тука близу има фабрика за памук. Нејзиниот управник зборува Англиски. Господинот Григораки бил во Англија. Да го посетиме.
– Ова е грчко претпријатие – рече тој. – Затоа Бугарите не го сакаат. Тие еднаш се обидоа да го фрлат во воздух. – Не толку фабриката, колку самиот Григораки, си помислив јас. Ми направи впечаток дека од неколкуте стотини работници повеќето беа девојчина од 8 до 14 години, Бугарки, при тоа, како што можев да слушнам од говорот при поминување покрај нив, но не опасни Бугарки.“

