| |

Настрадани лица од пожарот во Кочани веќе се сместени во софиската болница „Пирогов“

Во бугарската болница за итна помош Пирогов веќе се сместени настрадани од пожарот во дискотеката ,,Пулс” од Кочани, јавува БГНЕС.

Бугарија го испрати својот воен авион Спартан и со него во земјата пристигнаа 8 од надтраданите лица. Петмина од нив се сместени во Пирогов а останатите тројца ќе бидат сместени во болницата во Варна.

Уште петмина настрадани во тешка состојба и со апарат на вентилација се очекува да бидат транспортирани подоцна со амбулантни возила , тројца од нив ќе бидат сместени во пловдивската болница ,,Св.Ѓорѓи” а двајца ќе бидат лекувани во Пирогов во Софија.

Слични Објави