МНР на Бугарија: Нема информации за повредени бугарски државјани во пожарот во Кочани
Министерството за надворешни работи на Република Бугарија информира дека во моментов нема извештаи за повредени бугарски државјани во трагичниот инцидент во градот Кочани, Република Северна Македонија, во кој загинаа десетици млади лица, а многу други беа повредени.
Бугарската амбасада во Скопје е во постојан контакт со македонските власти и продолжува да ја следи состојбата.
Доколку е потребна помош, бугарските граѓани можат да се обратат во Амбасадата на Бугарија во Скопје на следните телефонски броеви: +389 2 32 29 444; +389 2 32 46 491; +389 75 280 013 /мобилен/ или на е-пошта: [email protected]

