НАТПРЕВАР ПО ПРВА ПОМОШ ЗА ДЕЦА ВО СКОПЈЕ

Во организација на Црвениот крст на град Скопје денеска ќе се одржи натпревар по Прва помош за ученици од основните училишта на ниво на градот Скопје. Натпреварот, ќе се одржи на Средно Водно, а ќе учествуваат 15 екипи од 15 основни училишта. Во организација и како учесници на градскиот натпревар ќе бидат вклучени уште околу 200 лица.