Научници од Бугарија, Северна Македонија и Украина на научна конференција во Бургас
Научници од Бугарија, РС Македонија, Полска, Турција, Украина, Словенија и Русија земаа учество на меѓународната научна конференција „Образование, наука, економија и технологија“ што се организира за 19-ти пат по ред од Државниот универзитет во Бургас „Проф. д-р Асен Златаров“.
Форумот го отвори претседателот на организациониот одбор, проф. д-р Иван Т. Димитров. Тој истакна дека главната мисија на конференцијата е да обезбеди можност за размена на мислења и споделување на истражување и практично искуство.
Присутните ги поздрави и новоизбраниот ректор на Универзитетот – проф.д-р Христо Бозов.
Во рамките на пленарната сесија беа презентирани три тековни извештаи: „Зависност помеѓу компликации и реоперации при третман на фрактури на проксималниот хумерус со ангулаторно стабилна заклучувачка плоча“ – предавач д-р Стојан Христов; „Ефекти во сенка на COVID -19 врз грижата на крајот од животот“ – предавач проф. Силвија Александрова-Јанкуловска и „Примена на рекламниот видео филм како аудио-визуелна методска алатка во разговорот на туристичката беседа“ – предавач Доц. Захариј Дечев.
Конференцијата ја продолжи својата работа во секции, со дискусии од областа на економијата, менаџментот, педагогијата, хуманистичките науки, здравствената заштита, јавното здравство и други.
