НЕ СЕ ГОНАТ САМО ЈАНЕВА И РЕМЕНСКИ, СЕ ВОДАТ ТАЈНИ ИСТРАЖНИ ПОСТАПКИ И ЗА ДРУГИ АКТУЕЛНИ ФУНКЦИОНЕРИ

На прашање дали осудената Катица Јанева, обвинетата Фросина Ременски и осомничената Лидија Димова се дострелот на оваа власт во борбата против организираниот криминал и корупција, министерот Маричиќ одговори:

loading...

„Не знам зошто некого би исклучувале во набројувањето на актуелни или доскорешни  функционери во борбата против корупцијата. Не разбирам зошто би ја исклучиле довчерашната специјална обвинителка како пример, натаму пратеник или потпретседател на владејачка партија  или директорка на агенција која што располага годишно со милиони евра, и тие како примери за борба против корупција од актуелни функционери? Не се сеќавам дека претходната власт гонеше кривично толку високопозиционирани лица“.

Не е соодветно да се тврди дека немало или нема истраги против актуелни функционери или дека станува збор за замајување со реформите, додаде Маричиќ.

„Во делот на ресурсите, првпат после долго време се прават напори да се подигнат кадровските капацитети со нови вработувања на нови технички лица и стручен персонал, стручни соработници. Во економска криза сме, но ќе овозможиме сè што им треба, не само на обвинителите, туку и на судовите, за да се гарантира нивната независност“, рече тој.


loading...

На новинарско прашање, Јовески одговори дека за обвинител кој ќе си поднесе оставка поради нестручно и несовесно работење, завршува дисциплинската постапка против него. Ако има сомневања дека тоа го сторил од криминални мотиви, тогаш обвинителството отвора постапка против него, но оти таков случај досега немало.

За разлика од обвинителите, има судии кои одговараат и кривично по разрешувањето за нестручно и несовесно работење.