УШТЕ 90 ЛИЦА ДОБИЈА ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР ЗА ОБИДОТ ЗА ВОЕН УДАР ВО ТУРЦИЈА

Турскиот суд во средата осуди 92 обвинети, вклучително и висок воен персонал, на доживотен затвор за учество во неуспешниот обид за државен удар во 2016 година, објави државната новинска агенција Анадолија.
Повеќе од 250 лица беа убиени во обидот да се собори власта на 15 јули 2016 година, кога одметнати војници со борбени авиони, хеликоптери и тенкови се обиделе да преземат клучни институции.

loading...

Дванаесет обвинети, вклучително и команданти на копнените сили, добија доживотни казни затвор без можност за помилување, пренесува Анадолија.

Минатиот месец, судот одделно ги казни водачите на обидот за државен удар, за кој Анкара го обвинува исламскиот свештеник Фетулах Ѓулен кој е во егзил во САД. Тој тоа го отфрла.

Околу 292.000 лица се приведени поради наводна поврзаност со Ѓулен, а скоро 100.000 чекаат судење, рече министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу, пренесува Ројтерс.



loading...

После пучот околу 150.000 вработени во јавниот сектор добиле откази или биле суспендирани, а судовите изрекле скоро 2,5 илјади доживотни казни затвор. Министерството за одбрана протера повеќе од 20.000 војници.