Не стивнуваат реакциите на бугарските здруженија во РС Македонија по палењето на автомобилите пред бугарската амбасада во Скопје
Стигнуваат реакции од бугарските здруженија по палењето на двата автомобили пред бугарската амбасада во Скопје.
,,Да веруваме во институциите дека ќе го пронајдат виновникот. Да останеме со ладни глави и здрав разум. Да не долеваме масло на огнот . Се надевам дека ова лудило ќе престане, напиша на социјалната мрежа facebook Добре Митрев, прв човек на здружението ,,Балкански коридор” од Кавадарци.
Најновиот напад врз бугарската амбасада во Скопје е продолжена рака на бесконечниот говор на омраза против Бугарија и Бугарите. Нека Бог ја чува Бугарија и Бугарите насекаде, стои во реакцијата на здружението ,,Бисерни бранови” од Охрид.
„Палењето на автомобили на бугарската амбасада во Скопје не треба да се разгледува како изолиран инцидент.
Со години во Република Северна Македонија се создава атмосфера на нетрпеливост кон луѓето со бугарска самосвест. Дел од политичката елита претпочита да ја користи темата за Бугарија и Бугарите за внатрешнополитички цели, наместо да работи на реални реформи и европски развој.
Нападите врз бугарските културни клубови, насилството врз мене и други граѓани, судскиот притисок врз луѓе кои отворено ја изјавуваат својата бугарска самосвест, покажуваат една загрижувачка тенденција. Уште позагрижувачки е тоа што во многу од овие случаи недостасуваше јасна и навремена одговорност, што создава чувство на неказнивост.
Кога говорот на омраза се толерира, а сторителите не добиваат праведна казна, ваквите појави продолжуваат да се повторуваат. Затоа е време институциите да покажат дека законот важи за сите и дека правата на секој граѓанин ќе бидат заштитени, без оглед на неговиот национален идентитет.
Европските вредности бараат не само зборови, туку реални дејствија против омразата, насилството и дискриминацијата“, стои во реакцијата на Христијан Пендиков, поранешен секретар на забранетиот клуб „Цар Борис III“ од Охрид.
Здружение ДЕЛО СКОПЈЕ, најостро го осудува овој палеж на дипломатски возила на Амбасадата на Р.Бугарија. Тоа е палеж и спрема Бугарската држава и Бугарите во Република Северна Македонија.
Кога говорот на омраза е сеприсутен во медиумскиот простор, помогнат од власта на ДПМНЕ, последиците се вакви вандалски и криминогени акти на насилство.
Се надеваме и на брза реакција на МНР на Република Бугарија, стои во соопштението на Дело од Скопје.
Здружение Шемето најостро го осудува овој вандалски чин што не носи добро за двете суверени и нависни држави апелираме да се расветли овој случај од страна на министерството за внатрешни работи и сторителот да биде изведен пред лицето на правдата.

