| |

НЕФИ УСЕИНИ СЕ ЗАКАНУВАЛ СО УБИСТВО НА ПРОФЕСОР ОД ОХРИД

Професорот Илјаз Илјази вели за „А1он“ дека советникот во Општина Охрид, Нефи Усеини, го удирал со тупаници, што резултирало со повреди. Илјази додава дека се чувствува загрозено бидејќи Усеини му се заканувал дека ќе го убие, влечејќи го пред неговата зграда.

„Нашата зграда имаше проблем со водата, имаше слаб притисок. Јас како претседател на куќниот совет викнав екипи од ‘Водовод’ да видат каде е проблемот. Тие излегоа на терен и ме известија дека има див приклучок на нашата водоводна мрежа. Утрово на околните објекти работеа мајстори. Јас повторно повикав екипи од ‘Водовод’ поради истиот проблем. Во меѓувреме, додека седев на балконот, ме повика комшијата. Кога се симнав, од нигде никаде се појави тој Усеини, кого до тогаш не го познавав, ни кој е, ни што е“, вели Илјази за „А1он“.

ЦЕЛАТА СТОРИЈА ПРОЧИТАЈТЕ ЈА НА А1 ОН



Слични Објави