|

Неформален состанок на Советот на ЕУ во Киев

Неформален состанок на Советот на ЕУ на ниво на министри за надворешни работи ќе се одржи денес во Киев.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел беше прашан дали на средбата ќе биде донесена одлуката за доделување 20 милијарди евра помош за Украина, на што одговори дека не знае дали одлуката ќе биде донесена следната недела или следниот месец.

Тој додаде дека денес не треба да се очекуваат одлуки, бидејќи се работи за неформална средба, а неформалните средби најчесто се посветени на подлабоки политички дискусии, а не на носење конкретни одлуки.

Сите посети на западни претставници на Украина се одвиваат без претходно објавување на датумите.

Слични Објави