Mексико размислува да поднесе барање за екстрадиција на осомничениот за саботниот масакр во Ел Пасо, Тексас, бидејќи шестмина од загинатите се мексикански државјани, соопшти министерот за надворешни работи на оваа земја, Марсело Ебрард, јави ДПА, пренесува Либертас.
-Ние инцидентот го класифициравме како терористички напсд врз мексиканско-американската заедница и врз Мексиканците во САД, им изјави вчера Ебрард на новинарите.