Бугарскиот INSAIT ја зацврстува својата позиција на глобалната технолошка мапа
Институтот за компјутерски науки, вештачка интелигенција и технологии – INSAIT, основан на 11 април 2022 година, за три години постигна значителни успеси и ги насочи светските погледи кон Бугарија како технолошки центар, јавува БНР.
Министерството за одбрана на Бугарија и INSAIT потпишаа стратешки договор, фокусирајќи се на унапредување на технологиите за сајбер-безбедност и национална одбрана. INSAIT и Бугарија беа домаќини на RWC 2025, престижен форум кој обедини водечки експерти во Софија, со цел размена на идеи за напредна криптографија и безбедносни стратегии. Со проект вреден 90 милиони евра, Бугарија преку INSAIT и „Софија тех парк“ беше избрана за изградба на една од шесте нови фабрики за вештачка интелигенција во Европската унија.
INSAIT ја доби поддршката од Vivo, кој финансира истражувања за мобилни платформи, и од Google, кој го промовираше BgGPT моделот на институтот во својот блог, истакнувајќи го како клучен за новите генеративни AI технологии. Со цел развој на локалните таленти, INSAIT во соработка со Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“ ја спроведува програмата „Explorer“ со финансирање од 1 милион лева.
INSAIT е основан во партнерство со два водечки швајцарски универзитети – ETH Zurich и EPFL. Идеологот зад создавањето на институтот, проф. Мартин Вечев, изјави: „Нашата мисија е да ја претставиме Бугарија како глобален иновативен центар.“
