ВО КЛУПИ УЧЕНИЦИТЕ ДО ТРЕТО ОДДЕЛЕНИЕ, ДРУГИТЕ ДА УЧАТ ОНЛАЈН, ПРЕДЛОЖИЛА КОМИСИЈАТА
Настава со физичко присуство за учениците до трето одделение, останатите ќе учат од дома. Ова е предлогот на Комисијата за заразни болести кој произлегол од утринскиот состанок – пренесе телевизија Сител. Дали овој предлог ќе биде прифатен во целост или ќе има измени, треба да реши Владата на седница.
Во моментот сѐ уште заседава Кризниот штаб каде расправаат за предлог мерката.
Министерот за образование, Арбер Адеми, вчера изјави дека е можно да се пролонгира почетокот на новата учебна година, бидејќи е неопходно да се донесат и измени на законите за основно и средно образование.

