Тагарев-Џонгин: Потребна е солидарност кон Украина, Бугарија и Република Кореја ќе ја продлабочуваат соработката во одбранбената индустрија
Министерот за одбрана на Бугарија проф. Тодор Тагарев се сретна со вонредниот и ополномоштен амбасадор на Република Кореја во Бугарија Н.Е. Бае Џонгин, јавува прес-службата на Министерството за одбрана на Бугарија.
На средбата беа споделени впечатоците од Самитот на НАТО во Вилнус во насока на продлабочувањето на партнерството меѓу НАТО и Република Кореја.
Амбасадорот Џонгин посочи дека, иако Бугарија и Република Кореја сместени во различни геостратешки контексти, се соочуваат со заеднички предизвици и во таа насока постои значителен потенцијал за идниот развој на билатералните одбранбени односи.
Меѓу темите на разговор беа можностите за соработка меѓу одбранбените индустрии, новите технолошки решенија и вселенските технологии.
Беше нагласена важноста на војната во Украина за безбедноста на двете земји и потребата да се покаже солидарност, бидејќи во оваа војна е исклучително јасно кој е агресор, а кој жртва. Внимание беше посветено и на придонесот за повоената обнова на Украина.