ЕУ И ЈУЖНОАФРИКАНСКА РЕПУБЛИКА ЈА ПРЕКИНАА УПОТРЕБАТА НА ВАКЦИНИТЕ НА „ЏОНСОН И ЏОНСОН“

//

САД, Европската Унија и Јужноафриканската Република одлучија привремено да ја прекинат употребата на вакцината против Ковид-19 на компанијата „Џонсон и Џонсон“, по извештајот за појава на крвно згрутчување.

Регистрирани се шест случаи на оваа појава откако се дадени повеќе од 6,8 милиони вакцини, објави американската Агенција за храна и лекови (ФДА).

„Џонсон и Џонсон“ ја прекинаа испораката на своите вакцини во ЕУ, што започна оваа недела, објави „Би-би-си“.

Одлуката е донесена по слични случаи на тромбоза поради употреба на вакцината на „Астра зенека“, по што земјите воведоа ограничувања за употребата на оваа вакцина.

ФДА препорача привремен прекин како мерка на претпазливост. Агенцијата потврди дека еден пациент починал од компликации предизвикани од крвно згрутчување, а друг е во критична состојба.



Во сите шест случаи станува збор за жени на возраст од 18 до 48 години, а симптомите се појавиле шест до 13 дена по вакцинирањето.

По препораката на ФДА, сите сојузни држави на САД престанаа да даваат вакцина на „Џонсон и Џонсон“ сè додека не заврши понатамошната истрага за нејзината безбедност.

Претходна статија

СПМ: УШТЕ ЕДЕН ПРИПАДНИК НА МВР ЖРТВА НА МОБИНГ ГО НАПУШТИ МИНИСТЕРСТВОТО, ДОБИВАЛ ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ

Следна статија

ВМРО-ДПМНЕ: ИЗНУДЕНАТА ОСТАВКА НА РАШКОВСКИ ПРОПРАТЕНА СО НАПАД НЕ Е ПРЕЗЕМАЊЕ НА ОДГОВОРНОСТ

Најново од Вести