ВМРО-ДПМНЕ: ИЗНУДЕНАТА ОСТАВКА НА РАШКОВСКИ ПРОПРАТЕНА СО НАПАД НЕ Е ПРЕЗЕМАЊЕ НА ОДГОВОРНОСТ

//

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение реагираат на поднесената неотповиклива оставка на Драги Рашковски. 

Од таму велат дека изнудената оставка на Рашковски пропратена со арогантен напад на јавноста не е преземање на одговорност.

„Драги Рашковски има и тоа колку многу причини да одговара, почнувајќи од скандалот Леонардо, преку Сархемс, па до најновиот скандал со набавката на софтверот на МВР, но и за непријавениот имот, џип и хациенда. Но ако мислат Рашковски и неговиот шеф Зоран Заев дека со оставката ќе ги покријат милионските скандали, се лажат.



Зоран Заев очигледно сака своите соработници кои се до гуша заглавени во криминали и корупција да ги спасува само со оставки“, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Претходна статија

ЕУ И ЈУЖНОАФРИКАНСКА РЕПУБЛИКА ЈА ПРЕКИНАА УПОТРЕБАТА НА ВАКЦИНИТЕ НА „ЏОНСОН И ЏОНСОН“

Следна статија

ПРИВЕДЕН КРИМИНАЛЕЦ ОД АРАЧИНОВО БАРАН СО ТРИ ЦЕНТРАЛНИ ПОТЕРНИЦИ

Најново од Вести