| |

Неколку илјади луѓе оддадоа почит кон жртвите на масакрот во Сребреница

Неколку илjади луѓе денеска се собраа на Меморијалните гробишта Поточари во Босна и Херцеговина по повод 29-та годишнина од масакрот во Сребреница, признаен од судовите на ОН како геноцид врз локалното муслиманско население, јавува БНР.

Повеќе од 8.000 возрасни мажи и момчиња Бошњаци беа однесени од таму на 11 јули 1995 година од страна на војската на босанските Срби и потоа убиени и закопани во масовни гробници.

За ова по војната беа осудени политичките и воените лидери на босанските Срби – Радован Караџиќ и Ратко Младиќ.

На комеморативната церемонија денеска Бугарија ја претставуваше министерот за образование Галин Цоков.

„Почит кон споменот на жртвите. Од нас, живите, зависи никогаш да не дозволиме ова да се повтори“, напиша тој во комеморативната книга во Меморијалниот центар во Поточари.

Со резолуцијата на Генералното собрание на ОН, усвоена во мај, и покрај силното противење на Србија и Република Српска како дел од Босна и Херцеговина, од следната година 11 јули ќе биде Меѓународен ден на сеќавање на жртвите од геноцидот во Сребреница.

Слични Објави