НЕКОЛКУ УЛИЦИ ВО СКОПЈЕ ЗАТВОРЕНИ, СЕ СНИМА ФИЛМ

/

МВР информира дека во времето од 5 до 14 часот на улицата Беласица и од 14 до 18 часот на улицата Самоилова (вијадуктот кај стоковната куќа „Мост“) во Скопје, во организација на Друштвото за филмска продукција „Фокус покус филмс“ од Скопје, ќе се снима филм поради што одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот и тој ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници на сообраќајниците на кои ќе се одвиваат настаните.



Претходна статија

КРИСТАЛИНА ГЕОРГИЕВА ЌЕ БИДЕ КАНДИДАТ НА ЕУ ЗА ПРВ ЧОВЕК НА ММФ

Следна статија

ДВЕ ЖЕНИ ОД ГОСТИВАРСКО ПОВРЕДЕНИ НА СВАДБА

Најново од Вести