НЕНОВ-ПОПОСКИ: НАМЕСТО МЛАДИТЕ ДА НИ СЕ ИСЕЛУВААТ ДА ДОЈДАТ НА МЕСТОТО НА ТИЕ ШТО ГИ ЗЛОУПОТРЕБУВАЛЕ ЖИВОТИТЕ НА НАШИТЕ ГРАЃАНИ 30 ГОДИНИ

//

„Сакаме да им порачаме и на судиите и на нотарите и на извршителите дури и на уставните судии дека ние ќе одиме до крај. Денеска сме тука да успееме заедно со ГДУ да внесеме претставници навистина од граѓаните кои ќе бидат вистински гласници на граѓаните во Собранието и во институциите бидејќи сметаме дека нашите победи можат да бидат уште поголеми и конечно можеме оваа држава да ја поставиме на вистинскиот пат“, изјави Марјан Ненов ( Здружение на граѓани „Но пасаран“) на објавувањето на коалицијата со партијата ГДУ.

„Наша искрена желба и амбиција е да направиме вистински реформи. Ние нема да имаме проблеми да разрешиме некого и да го повикаме на одговорност и да донесеме нови луѓе. Наместо младите да ни се иселуваат ќе дојдат на местото на тие што ги злоупотребувале животите на нашите граѓани 30 години наназад“, изјави портпаролот на ГДУ, Дарко Попоски.





Претходна статија

ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ПРЕПОРАЧА ОТВОРАЊЕ НА ПРЕГОВОРИТЕ СО МАКЕДОНИЈА И АЛБАНИЈА

Следна статија

ДВАЈЦА МАКЕДОНСКИ ЛЕКАРИ КОИ БИЛЕ ВО МАДРИД СЕ ТЕСТИРААТ ЗА КОРОНА

Најново од Вести